ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден министер не се вклучи во справување со невремето

Невремето кое завчера го зафати Скопје покажа дека Македонија нема Влада. Општините и народот беа оставени сами да се справуваат со последиците од големото невреме. Локалните власти дури и самите мораа да ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром.
Никој од функционерите на централната власт не се појави на терен, не ги ангажираше институционалните капацитети, ниту пак помогна со справување со последиците. Едноставно како да не постои централна власт во Македонија.
Патем владата и надлежните институции потфрлија, иако се даваат милион евра годишно за градобијни ракети и интервенирање со авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани. Зошто надлежните институции затаиле и не интервенирале на време со предупредување и преземање на конкретни мерки? На тој начин ќе спречеле вакви енормни штети и последици. За ова мора да има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
