ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не знае дека РМ има советодавен систем 50 години
Љупчо Николовски, како и целата влада сака да ја покрие својата неспособност со ароганција. Тоа вчера го покажа и докажа на настан кој имаше за цел да отвори дебата за унапредување на советодавните услуги во земјоделството и започнувањето на јавната расправа по новиот закон за советодавни услуги.
Министерот за земјоделие Николовски покажа запрепастувачко незнаење и нестручност.
Жално е што министерот не знае дека Република Македонија има изграден советодавен систем повеќе од 50-тина години. Советодавниот систем на Република Македонија е составен од многу субјекти како научно-истражувачките институции, агро-бизнис компаниите, приватни консултантски организации итн.
Николовски се става над процедурите и сака да го протурка законот без забелешките од стручната јавност, земјоделците и општата јавност.
Арогантното и понижувачко однесување на министерот кон земјоделците нема да ги реши проблемите на земјоделците, напротив тоа ги продлабочува.
Да биде иронијата поголема тој во своето излагање ветил дека ако не успее да го спроведе својот план ќе си заминел.
Министре ви порачуваме заминете си веднаш пред да бидат штетите предизвикани од вашето незнаење и неспособност неколку пати поголеми од штетите што ги предизвикуваат глобалните климатски промени. Со една реченица: Вие сте елементарна непогода за земјоделството!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот