ВМРО-ДПМНЕ: Николоски отворено манипулира и ги лаже земјоделците
Љупчо Николоски отворено манипулира и ги лаже земјоделците. Во исто време кога ветува обештетување владата им крати субвенции.
ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци во декември минатата година вети дополнителна поддршка за лозарите заради тешката состојба со реколтата 2016та. Ветивме 20илј ден/ха за површини од 0.2ха до 0.5ха. 15илј ден/ха за површини на 0.5 до 1ха и 10илј ден за површини над 1ха до 5ха но, не формиравме влада за да можеме да го реализираме ова како поддршка за лозарите.
СДС вети 10 проценти повисоки субвенции за 2017та година значи 4000 ден/ха. Многу помала споредено со мерката на ВМРО-ДПМНЕ но, и таа е прашање дали ќе се исплати бидејќи до сега уште не се исплатени до крај субвенциите за родот од 2016та година.
СДС не само што не мисли на земјоделците туку во спрега со компании должници на грбот на лозарите, а спротивно на законите, им дозволува да го земаат родот на земјоделците и да преработуваат иако немаат дозвола за тоа. Повторно се погазуваат трудот и маката на преку 7 илјади лозари од Тиквешијата.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори