ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека нема да се реализираат елементите од тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат и не гласаат за неа.
- Република Македонија нема да има два официјални јазици на цела територија. Банкнотите нема да станат двојазични и нема да се менуваат униформите. Нема да се менува ниту грбот, ниту знамето, ниту името. Нема да се носат резолуции за осуда за геноцид, ниту ќе се дозволи федерализација или кантонизација, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Партијата посочува дека лидерот на СДСМ е подготвен да направи влада врз основа на оваа платформа само за да не одговара за криминал и оти прифаќањето на тиранската платформа го потврдил и неговиот сопартиец Мухамед Зекири.
- Криминалецот Заев покажа дека е човек со целосно свиткана кичма кога станува збор за Македонија и нејзините интереси и нема проблем истата и да си ја скрши, ако е тоа условот за формирање на Влада, која за него значи спас од кривичен прогон, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија