-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/march/popovski-nikola-otcet-640x334-45483.jpg?itok=4oYOJFgv)
ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните вечерва го промовираше својот отчет на сработеното изминативе 10 години. Се говореше за низа крупни проекти од сите сектори, а беше повторен и ставот за решавање на спорот со името.
-Македонија останува посветена на надминување на спорот со името наметнат од Грција. По пресудата на меѓународниот суд на правдата во 2011-та година, јасно е на чија страна е и меѓународното право. Тоа не го велиме ние, тоа го вели највисоката судска инстанца за меѓународно право во светот. Мислам дека е значајно да нагласиме дека премногу генерации, премногу мака имаат видено за да може некој да си поигрува со ова прашање и затоа сме одлучни во однос на ова. Уште еднаш би повториле дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Воедно нема да прифати никакви предлози или идеи кои би го загрозиле македонскиот народ, македонскиот национален идентитет и засебноста на македонската нација, јазик и култура. Ние како одговорна, народна партија нема да дозволиме било какво решение за овој спор кој ни е наметнат да биде прифатено од политичари или поединци, Влада или Собрание без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството од македонските граѓани кои ќе излезат на референдум да се согласи со можното решение. Покрај овие наметнати препреки, ние остануваме посветени на нашата евроатланска интеграција бидејќи по сите параметри таму и припаѓаме. И политички и културно и економски. Воедно ќе продолжиме да соработуваме со нашите соседи бидејќи сакаме да имаме стабилен регион и конечно, тоа дополнително ќе ги мултиплицира ефектите од сите оние напори кои ги правиме за економски развој на Република Македонија и тоа го должиме и на следните генерации, потенцира министерот за надворешни работи Никола Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп