Македонија
8. July 2024 - 8:04

ДКСК ќе одржи седница

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи седмата седница преку ZOOM комуникациската платформа.

Како што информираат од ДКСК, на дневен ред се две точки - решение за запишување на лоби организација во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање, како и прашања и предлози.