ВМРО-ДПМНЕ: Не мора слика да се види дека Ислам Абази е седнат во скутот на Груби
Кога народот се прашува зошто нема реакција на обвинителството за скандалите на Артан Груби, тогаш одговорот е Артан Груби си ја обезбедил заштитата преку вработувањето, а потоа и трансферирањето во АЕК на снаата на Ислам Абази.
Ете затоа Јавното обвинителство за гонење организиран криминал нема никаква постапка за скандалот со деловниот објект на семејството Груби на улица „Македонија“, нема никаква постапка за скандалозниот тендер за надзор на изградбата на коридорите, нема никаков процес за испитување на „подареното“ Ауди и уште десетици други афери поврзани со Груби и други членови на ДУИ.
Ако видовме слика на која на главата на Ислам Абази стои братот на Али Ахмети, не ни треба слика да сфатиме дека Ислам Абази е ставен во скут и на Артан Груби. Молкот на институциите се само потврда.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, Македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино