ВМРО-ДПМНЕ: Нашата партија нуди проекти за бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и поевтина струја за граѓаните
Власта на Заев не реализираше ништо од тоа што го ветуваше. Беа зафатени со криминал и коруптивни зделки и затоа заборавија на народот.
Затоа оваа власт мора што поскоро да замине, за да дојде власт која ќе работи за доброто на сите луѓе.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе овозможи 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас. Тоа значи дека 50% од семејствата само во еден мандат ќе имаат можност да користат поевтин и почист енергенс во своите домови.
Дополнително, за да се обезбеди енергетска сигурност на државата, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи животниот век на РЕК Осломеј и РЕК Битола, што истовремено ќе значи и поевтина струја за граѓаните.
Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните. Тоа мора да престане час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на напредок, сигурност и квалитетен животен стандард за граѓанинот. Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала