ВМРО-ДПМНЕ: Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност

Граѓаните не сакаат понижена и обесчестена Република Македонија, граѓаните сакаат честита Република Македонија.
Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност.
Веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, СДСМ мора да си замине, а владеењето на правото мора да биде повторно воспоставено.
Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционер како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидаг наше секојдневие.
Сега е времето да се биде гласен. Граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните избори, како ќе му дадат жолт картон на СДСМ и ќе му го покажат местото на буништето на историјата, каде ќе заминат на следните парламентарни избори.
СДСМ мора да си замине поради се што ветија, а не направија, затоа што нема 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и ред други проекти. СДСМ мора да си замине и затоа што економијата тоне, а долгот за само една година е зголемен за близу пола милијарда евра.
СДСМ мора да си замине, со тоа нема компромис. Државата мора да тргне напред.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
