ВМРО-ДПМНЕ: Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис

Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис.
На над 300 пунктови во државата граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став.
Граѓаните му ја упатија пораката на Заев. Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис.
Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки.
Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири.
Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.
Заев има можност да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и да организира електронски попис. Само така ќе се добие реална слика за бројот на населението, густината, верската, етничката и друг вид на припадност.
Со спроведување на електронски попис државата ќе има јасни податоци врз основа на кои ќе може да се прават среднорочни и долгорочни стратегии.
Заев веднаш да се откаже од фалсификат попис. Народот ја испрати пораката.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
