ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ секогаш во преден план им е сопствениот комодитет

Доброто и интересот на граѓаните и државата никогаш не биле на прво место за СДСМ и секогаш во преден план им е сопствениот комодитет. Затоа одвојуваат пари за полнење на нивните трпези со морски плодови, а немаат пари за студентски домови, за изградба и реконструкција на училишта, изградба на спортски сали и превод на книги, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
- Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска и наместо развој, носи уназадување на сите општествени сфери, а особено на образованието. По само еден месец на власт, Зоран Заев и Рената Дескоска одлучија да го скратат буџетот наменет за образование за 1,5 милијарди денари. Граѓаните треба да знаат дека СДС и Заев со ребаланс на буџетот скратија пари за изградба на основни училишта, за средни училишта, за спортски сали, за опремување на училници, за изградба на факултетски објекти, за поддршка на универзитети, и за многу други суштински работи, рече Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција
Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година во континуитет го зголемуваше буџетот за образование, за од некогашните 13 милијарди денари да дојде до 25 милијарди денари, средства кои, како што рече, подеднакво се инвестираа за развој на сите образовни сегменти, за сега, да гледаме кратење по сите основи.
- Крајно лицемерие е пред избори да ветуваш нови студентски домови и реконструкција на постојните, а кога ќе седнеш во влада од буџетот за изградба и реконструкција на студентските домови да скратиш цели 155 милиони денари. Безобразно е да ветуваш грижа за идните поколенија, а од позиција на власт од буџетот да скратиш 116 милиони денари за изградба на спортски сали во основните и средните училишта. Недозволиво е за време на избори да зборуваш дека е потребна изградба и реконструкција на училишта, а сега од позиција да кратиш 55 милиони денари, рече Попова.
Потсети дека се скратени дури 237 милиони денари кои беа обезбедени за опремување на училиштата со современи интерактивни училници.
- Измама на гласачите со албанско етничко потекло е пред избори да им ветуваш се, а кога си премиер да кратиш милиони наменети за Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Врв на лицемерие е кога пред избори ветуваш подобро високо образование и повеќе средства за наука, а еден месец откако ќе седнеш во влада да кратиш цели 213 милиони денари планирани за Универзитетот во Тетово, за Охридскиот универзитет „Св. Апостол Павле“, за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и за научните институти. Срамно е да ветуваш квалитетно високо образование во време на избори, а кога си на власт да кратиш цели 35 милиони денари наменети за превод на современа стручна литература од светски познати автори, нагласи Попова.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
