ВМРО-ДПМНЕ: На Онкологија немало софтверски увид на дистрибуција на лекови
Дивото месо го уништува здравството во Македонија. Тоа е канцер мафијата која на сметка на животите на најтешките пациенти, правела милионски бизниси на клиниката за Онкологија. Свесно бил допуштан башибозлук на оваа институција со цел некој да се богати, да се краде на ангро, а граѓаните да бидат оставани без својата терапија и без термини за лекување.
Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи потрошувачката и дозирањето на скапите лекови. Но овој систем бил исфрлен од употреба веднаш по доаѓањето на власта на СДС и ДУИ и истиот бил фрлен во помошна просторија за да фаќа прашина цели 7 години. Логичен е сомнежот е дека тоа е направено за да може да се краде. Софтверското решение овозможува увид на каналот на дистрибуција на лековите и излезот кон одделенијата и истото го немало за на тој начин лековите да завршуваат на црниот пазар.
Во исто време во дневната болница не постоела можност да се евидентира која сестра кој лек на пациент го аплицирала, што пак отвора можност за злоупотреби, неточна и непрецизна евиденција за терапија која чини илјадници евра.
Сето ова и многу повеќе е содржано во извештајот од финансиската контрола на клиниката за онкологија. Здравствените власти ова го знаеле но го дозволувале. Оваа состојба не може да постои ако не била аминувана од страна на највисоките функционери во здравството. Ова е организирана шема. Ова е канцер мафија и мора да има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
