ВМРО-ДПМНЕ: МВР две недели не може да открие кој ги паничи децата и граѓаните
Повторно нови дојави за бомби во училиштата.
Еве зошто предупредуваме цело време дека во МВР не може да се вработуваат лица со основно занимање каменорезец, или поранешните градоначалници и партиски другари на Оливер Спасовски кои се навикнати на златна лажица и лица кои не поминале безбедносни проверки итн.
Дали е појасно зошто цело време алармираме дека Законот за Внатрешни работи што го донесоа СДС, ДУИ и пајтон партиите, со што на Министерот му се дава право да унапредува по 3 (три) скалила одеднаш дека не е добар за институцијата?
Дали е појасно зошто безбедносниот сектор не смее да биде да биде партиска алатка на Оливер Спасовски и СДС и дека сето горенаведено е на штета на безбедноста на граѓаните?
Во МВР нема професионализам, нема лица со соодветни компетенции на вистински места и најважно од се’ – нема одговорност.
МВР е мртво ткиво.
Цели 2 недели не можат да откријат лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните. Не сакам ниту да замислам како би реагирало МВР во некоја поопасна и посложена ситуација.
Спасовски наместо да се загрижи за својата и неспособноста на кадрите што сам ги поставил, си тера партиска агенда по локални партиски штабови на распаднатиот СДС.
Оставка!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош