ВМРО-ДПМНЕ: Мора да има предвремени парламентарни избори

Предвремени парламентарни избори мора да има. Без разлика дали Македонија ќе добие датум или не, државата не може да продолжи со криминогената клика на Заев.
Криминалот, корупцијата и рекетот не може и не смее да продолжат. Се додека на власт е Заев државата ќе тоне во криминал.
Доколку има датум и Македонија да треба да отпочне преговори Заев и неговата криминогена клика немаат капацитет да ги водат преговорите и нема да можат ништо да сработат.
ВМРО-ДПМНЕ со своите меѓународни активности направи се за Македонија да отпочне преговори. СДСМ и нивната криминогена политика се главните виновници доколку не добиеме датум за преговори.
Зоран Заев во изминативе три години владее со криминал и корупција.
Зоран Заев е единствен аболициран премиер во Европа.
Зоран Заев владее со насилие.
Начинот со кој Заев владее со државата го гледаат нашите меѓународни партнери.
Македонија не може да тргне напред со Зоран Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Зоран Заев. Македонија треба да добие датум и потоа да се избере нова власт која што ќе има капацитет да ги реализира неопходните реформи. На Македонија и треба обнова.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
