ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на СДСМ значи одобрување на тиранската платформа
Молкот на СДСМ, по вчерашните изјави во Собранието, значи одобрување на тиранската платформа и согласност со сите нејзини точки само за да се зграпчи власта, а ВМРО-ДПМНЕ јасно ја осуди и отфрли и кажа дека не се согласува со нејзината содржина.
Ова во соопштение го порачува ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека тиранската платформа која ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање ќе го поткопа уставниот поредок и целосно ќе ја редефинира Република Македонија.
- Собраниското мнозинство вчера и официјално ја внесе тиранската платформа во Собранието и ја најави намерата во целост да ја реализира. Целата македонска јавност имаше можност да слушне што предвидува и тоа директно од собраниска говорница, а Зијадин Села вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нагласуваат дека Патоказот што го понуди ВМРО-ДПМНЕ е добра основа за постигнување консензус околу излез од политичката криза и додаваат дека ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја.
- Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација. СДСМ исто како и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја осуди и отфрли Тиранската Платформа или доколку смета дека таа е добра за државата да излезе со неа на избори како своја изборна програма, па да види што мислат граѓаните, се порачува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Македонија е во три гола негатива на полувремето против Холандија
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара