ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски со предлог на два столба мерки за помош на стопанственици и вработени, додека владата се однесува несериозно
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус“ предложи два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопантсвениците.
„Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.
„Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти“, појасни Мицкоски.
Мицкоски образложи дека Владата денес не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки не е од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми.
„Но за жал она кое што го видов утрово, а кое што беше презентирано на таа пресконференција посебно во делот ќе ги частиме компаниите, навистина претставува едно непримерно однесување на луѓе кои што во овој момент треба да се однесуваат сериозно, имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата“, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228