ВМРО-ДПМНЕ: Мерката на СДСМ за земјоделците лицемерна и нереална

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од СДСМ со кое ветуваат интервентен фонд за помош на земјоделците оценува дека станува збор за лицемерно нудење проекти бидејќи кога СДСМ биле на власт не понудиле никаква помош и мерка во земјоделството.
Тоа што СДСМ сега го нуди, наведува ВМРО-ДПМНЕ, ни од далеку не е мерка која ќе им помогне на земјоделците, затоа што и досега државата интервенирала и тоа со многу повеќе средства кога се работи за обесштетување земјоделски површини и за помош на земјоделци од природни непогоди.
Според ВМРО-ДПМНЕ, бројката која сега СДСМ ја предлага е далеку пониска од реалните исплати коишто државата на годишно ниво ги одвојува за оваа ставка.
Дополнително, нагласуваат, на земјоделците во Македонија им стојат на располагање 150 милиони евра субвенции и повеќе мерки кои може да ги искористат.
- Сево ова покажува колку всушност СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците во Македонија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија беше и остана салонска и елитистичка која освен лажни и нерационални ветувања нема што друго да понуди на граѓаните, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
