ВМРО-ДПМНЕ: Меморандумите со Бугарија се обланда
Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат. Истата погубна политика на Заев ја продолжува и пиунот Ковачевски. Наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата.
Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија.
Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот.
Ново на Сител
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
-
Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени
-
Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот