ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународната World Justice Project објавува дека корупцијата е двојно поголема во споредба со 2015
Македонија тоне во криминал и корупција. На Македонија и се случува распад на правниот систем. Власта краде, а народот осиромашува. Тоа не го гледаат само граѓаните, тоа веќе го гледаат и го бележат и реномирани светски институции.
Меѓународната организација World Justice Project (WJP) во својот извештај за објавува индексот на владеење на правото за 2022 година ја рангира Македонија на 63 место. Во споредба со минатата година во 2015 година државата била на 44 место. Тоа се 19 места полош пласман.

Исто така оваа меѓународна организација прави квантитативна анализа на корупцијата. Македонија согласно нивните мерења во 2015 година била на 38 место, а во 2022 година е на 73 место, што е речиси двојно полоша состојба.

Сето ова е резултат на епидемиска корупција која владее и целосната и на која и кумува владата на СДС и ДУИ. Индикаторите покажуваат дека власта ги поклопила целосно правосудните органи и нема никаква борба против организираниот криминал. Затоа гледаме наместени тендери, матни зделки, зголемување на богатството на функционерите кои отвораат нови фирми, градат нови хациенди и го цицаат буџетот. Затоа, од друга страна нема пари за земјоделците, за младите, за пензионерите, за образованието, спортот, културата.
Оваа криминална власт на СДС и ДУИ мора да замине час поскоро за да може Македонија да тргне напред.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
