ВМРО-ДПМНЕ: Меѓу членовите на работната група за уставни измени е и симпатизер на Путин
Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира.
Меѓу членовите на работната група, на таканаречени експерти, кои ги демаскиравме и презентиравме дека станува збор за пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДС и ДУИ уставни измени ќе прави и Јагода Митревска симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија.
Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи и истата ја испраќаме во прилог на ова соопштение.
Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
