ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија тоне, а граѓаните се се посиромашни
Јавниот долг расте , a економијата е пред колапс. Економскиот тим на Зоран Заев ја носи државата во економска пропаст.
Македонската економија тоне а граѓаните се се посиромашни.
Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг. Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 процентни.
Министерството за финансии објави проспекти за ново задолжување од 32 милиони евра за наредната недела додека само пред неполни две недели ги задолжи граѓаните за дополнителни 57 милиони евра.
Милионите, задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината.
Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за коигодишно плаќаме огромни камати.
Додека задолжувањата растат, реалниот сектор тоне. Граѓаните имаат се помалку пари, трошоците за живот се зголемуваат, а стандардот паѓа. Капитални инвестиции нема а со тоа се доведува во прашање целокупната економија бидејќи градежниот сектор е еден од најважните и е носечки за македонската економија а е во постојан пад.
Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро. За неполна година ипол македонската економија бележи најлоши резултати и е пред тотален крах. Граѓаните не живеат подобро а единствен виновник за тоа е СДСМ и Зоран Заев.
Зоран Заев мора да замине. Македoнија ќе победи.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци