ВМРО-ДПМНЕ: „Македонија за сите луѓе“ е концепт кој нуди повисок стандард на граѓаните
Концептот „Македонија на сите луѓе“ е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Концепт на нови политики, политики кои ќе бидат за секој еден граѓанин преку решавање на нивните потреби.
На изминатите неколку трибини предложивме неколку крупни економски политики.
Со концептот „Македонија за сите луѓе” ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните. Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ разработи еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата.
Исто така со концептот на новите политики предвидуваме поевтина електрична енергија за сите граѓани во Македонија. Ќе обезбедиме поевтина електрична енергија за сите домаќинства, преку нова методологија, со инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки.
Со парите од акцизата за гориво кои секојдневно се слеваат во буџетската каса, наместо за луксуз ќе ги намениме за народот и проекти во образованието, спортот и културата. Вкупно 40 милиони евра за 4 годишен мандат од акцизата за нафтени деривати ќе бидат вратени во проекти за поквалитетно образование.
Македонските тутунари ќе ја имаат целосната грижа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе се донесе закон за тутун со кој целосно ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист на домашен тутун, произведен по македонските ниви.
Исто така ќе спроведеме целосна дигитализација на услугите на општините, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период како опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, со што ќе се придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата од тргување со криптовалути.
Преку концептот „Македонија за сите луѓе“ предвидуваме проект за изградба на ново автопатско решение од Скопје, Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и Меџитлија, за подобар и поквалитетен патнички и транспортен сообраќај и целосно поврзување со автопатско решение до границата со нашиот јужен сосед.
Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и целосно уништување на македонската економија. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени и упропастени години за Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
