ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во корупција затоа што нема право и правна држава
СДСМ, Зоран Заев и Рената Дескоска целосно ја приватизираа и партизираа правдата и институциите во Република Македонија.
Малку и беше на Дескоска сама себе да се кандидира за член на Венецијанската комисија, па истата таа воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски.
Скандалот да биде поголем Дескоска целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа на конфликти на интереси.
Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев претседателот на Апелацискиот суд во Штип Наќе Георгиев, именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво се чини дека е повластено од СДСМ, па наплатило околу 17.000.000 денари од владата, судијката Исмета Амет, според пишувањата во која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, се само дел од контроверзните именувања во комисијата за полагање на правосуден испит.
Со ваквите именувања од страна на Дескоска, полагањето на правосудниот испит ќе зависи од субјективната проценка на членовите на комисијата, дали кандидатите биле или се активни поддржувачи на политиките на СДСМ и Зоран Заев.
Единствен критериум по кој се избрани членовите на комисијата е послушноста кон Заев.
На ваков начин Заев и Дескоска го уриваат до темел правосудниот систем во Република Македонија.
Ова е школски пример на непотизам и партизација.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот