ВМРО-ДПМНЕ: Македонија без реформи не може да влезе во ЕУ
Потпишување на капитулантски договор за промената на уставното име на Република Македонија, откажување од се што е македонско е добра вест единствено за Зоран Заев и СДСМ. За никој друг.
Заев е човек кој ја влече Република Македонија во пропаст. Тој ветуваше дека нема да прифати промена на Уставното име на Република Македонија, но сега од позиција на власт ги распродава националните и државните интереси на сите страни. Заев не лаже, Заев суши!
Тој со потпишувањето на штетниот и капитулантски договор се откажа од привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца.
Овој договор е обид на Заев да го покрие криминалот, корупцијата, расипништвото и неспособноста на неговата Влада. Македонија без реформи не може да влезе во ЕУ.
Заев ја потценува интелегенцијата на граѓаните и се обидува да ги убеди дека со три денари месечно за нив дошол животот.
Намалувањето на електричната енергија за 0,1 процент не е мерка со која што Заев и СДСМ треба да се фали.
Сите оние кои до сега за струја плаќале 3000 денари, со ова огромно достигнување на Заев, граѓаните за истата сметка ќе плаќаат 2997 денари. Односно за една година граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Намалување од 0,1 процент не претставува подобрување на стандардот на граѓаните, туку нивно понижување и потценување.
Граѓаните очекуваат намалување на електричната енергија за 30 проценти, како што најавуваше Заев во опозиција. Но, се што кажа Заев, за се излажа.
Време е да се стави крај на лагите, расипништво и неспособност на оваа влада. Зоран Заев не може да обезбеди подобар живот за граѓаните. Време е Зоран Заев да замине во историјата, а Република Македонија да ја извојува најважната победа.
Интегрално соопштение на ВМРО - ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка