ВМРО-ДПМНE: Легитимитетот на владата веќе не постои, граѓаните бараат избори, да го кажат своето слободно мислење
На народот во Македонија веќе му е преку глава од порази во сите сфери на неговото живеење, дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на уставот, под бугарски диктат, веќе е постигната кулминација на незадоволството.
Поразите на владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, се повеќе секој ден, ако оваа гарнитура остане на власт.
Оваа група од криминалци на власт, граѓаните не ги есапат, ни нивните политики, ни нивните бајати изјави, а најмалку празните зборови, кои ги верглаат секој ден во медиумите.
Реалноста е дека инфлацијата го јаде стандардот на народот, учениците и оваа година ќе немаат учебници, судството има 1% доверба кај граѓаните, здравството е на колена, а младите секој ден ја напуштаат Македонија, во огромен број.
Време е владата на ДУИ, подржана од СДС, да ја признае оваа реалност и што побрзо да одиме на избори, преку кои, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе почне да ги решава проблемите на народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тошковски ја отвори конференцијата на европскиот огранок на американскиот ФБИ во Скопје
-
Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија