Македонија
22. September 2025 - 12:29

Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење

Еколошките инциденти дополнително  ги загадуваат градските средини. По пожарите на неколку депонии потоа во фабриката за отпад во Трубарево и Винчини граѓаните се соочуваат со хронично турење.

Според доктор Беќароски најдобар показател за тоа колку сме затруени е податокот кој покажува дека бројот на карциноми е зголемен но и тоа дека Македонија е единствена држава во Европа каде животниот век е намален во последните 20тина години, ако во сите останати европски земји надминува 80 кај нас има пад од 75 на 72 години.

Бројот на акутни труења расте ,потребни се  системски мерки но и поголема свесност кај секој подинец за справување со загадувањето.

Докторите апелираат до граѓаните да преземат мерки за заштита да користат прочистувачи за воздухот во домовите, да избегнуваат подолги престои и физичка активност на отворено, да земаат витамини и повеќе течности.