ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту работа врши, ниту атер крши
Ковачевски ниту работа врши, ниту атер крши, 6 години е на власт СДС уште нема закон за потекло на имот.
Пред Ковачевски да продава магла дека ќе испитува имот на вработените во Царинската управа и УЈП, нека каже што ги спречувало до сега институциите да проверат имот на било кој вработен во државната управа или да отворат и истрага доколку тоа е потребно? Туку сега кога се соочува со штрајк, не знаејќи како да реагира да се заканува.
Добро е да се испита сечиј имот, ВМРО-ДПМНЕ е најгласна за тоа.
Пред се народот треба да знае како Ковачевски го стекнал својот имот.
Како го стекнал уделот во „Пиксел груп“, и за колку го отуѓил, дали сумата која ја добил е симболична или реална, ако е симболична која е позадината, ако е реална дали е пријавена.
Треба да се истражи зошто и како „Пиксел груп“ добивала државна помош, додека Ковачевски е функционер, а истата во тој момент е во посед на неговиот кум.
Народот мора да знае како сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за фотоцентрала, додека тој е премиер.
Јавноста има интерес да го знае потеклото на парите на Ковачевски, но и на сите функционери на власта.
Се додека нема детален ветинг на политичарите, другото е сеење магла.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат