ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски мора да поднесе оставка
Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис.
Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата.
Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една.
Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси.
Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира.
Ковачевски не може повеќе да го лаже народот. Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата.
Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори