ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски гласаше за промена на името на улицата во Чаир
Ковачевски гласаше за промена на името на улицата во Чаир, ако во СДС не знаат или не им кажал нека го прашаат преку соопштение
Димитар Ковачевски, како заменик министер за финансии и претставник на министерството за финансии гласал за Предлог листата за менување на имињата на улиците во град Скопје.
Ковачевски и СДС директно допринеле за смена на името на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир.
Владата на ДУИ и СДС на две седници во 2021 година ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади, доставена од Град Скопје под водство на СДС. Целиот процес е започнат од СДС и завршен од СДС.
Лагите на СДС се препознаени од народот. Во СДС ако не знаат или Ковачевски не им кажува, нека го прашаат јавно преку соопштение од нивниот прес центар па може ќе им одговори, дека токму тој е причина за преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот