ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги измами граѓаните, ветуваше кули и градови, а донесе сиромаштија, рекордна инфлација
Димитар Ковачевски ги измами граѓаните. Ветуваше кули и градови, а донесе невидена сиромаштија за граѓаните.
Ветуваше поддршка на стопанството и индустријата, а за една и пол година се затворија 12 илјади компании. Но затоа компанијата која тој ја основал не само што добивала државна помош, туку и добивала вносни бизниси во време кога тој бил на функција.
Ветуваше раст на стандардот, а инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Ковачевски е најодговорен зошто Македонија со 20% има една од највисоките стапки на инфлација во Европа, а меѓу десет земји во светот со најголема инфлација на цената на храната.
Ветуваше справување со енергетската криза, а наместо сопствено производство се трошат секој ден милиони за увоз на струја или за испросување на енергенси.
Ветуваше висок раст на БДП, а Македонија е меѓу последните во Европа според растот на БДП, единствено полоши се прогнозите за Русија и Украина.
Ветуваше стабилна економија, а добивме енормен раст на долгот кој ги надминува 8,5 милијарди евра.
Само порази, криминал и неуспеси се резултатот од оваа влада. Нивната неспосбност е епска!
Димитар Ковачевски со лаги и измами не се носи иднина! Стани Ковачевски да те види народ!
Стани Ковачевски, собери храброст и соочи се со своите граѓани!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје