Македонија
17. July 2019 - 16:18

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов да одговори што договарал на средбите со еден од осомничените во „Рекет“

Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес-конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13?

Дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени?

До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет.

Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа.

Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот.