ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки
Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки. 4 години ова фамилијарна тројка ја пустоши Македонија, криминалот, корупцијата и рекетот станаа секојдневие, и никој со нив на власт не е безбеден.
Заеви направија од Македонија земја на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Прв ред се Заеви, луѓето околу нив и тие кои им служат, а граѓани од втор ред се сите чесни граѓани, кои се предмет н шиканирање и рекет од власта.
За Заеви не важат законите.
2 години нема разрешница за Рекет, а слушнавме како човекот кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони – Бојан Јовановски, кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Ниту Зоран, ниту Вице се повикани на распит, а за постапка против нив воопшто не станува збор.
Името на Вице мистериозно исчезна од пријавата за рекет во РЕК Битола, а ЈО и МВР молчат. Со молк се премостува очигледен криминал.
Луѓе на Трајче Заев беа фатени во шверц со дрога, а Трајче Заев, исто како и Зоран и Вице за многу случаи не е ниту повикан на распит.
Концептот „Македонија за сите луѓе“ е крај за криминалот и недопирливоста на Вице, Трајче и Зоки.
Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
