ВМРО-ДПМНЕ: Кон народот се пукаше со огнено оружје, а Спасовски се обидува да ги сокрие доказите
Криминалната власт на СДСМ и ДУИ повторно прикриваат докази, овој пат за случајот со пукањето кај Мавровка.
Прикривањето на докази и криење на кривични дела од „Пајакот од Мавровка“ сега се претвори во „пиштол плашливец“.
По една недела од официјалното соопштение на МВР во кое јасно беше потенцирано дека во толпата која мирно протестираше, лицето Е.Ј. од Скопје пукало со огнено оружје - пиштол марка Walter P99 и истиот беше вперен кон толпата која мирно протестираше.
Тогаш МВР експресно поднесе кривична пријава, за да вчера Јавното Обвинителство, една недела подоцна да излезе со соопштение дека оружјето кое МВР го пронашла кај осомничениот било различно, односно дека тоа било пиштол за звучна сигнализација од марка EKOL Aras Magnum.
На самото место, вечерта кога се случи инцидентот беа пронајдени и испукани чаури од огнено оружје, а не од пиштол плашливец.
Јасно како ден - предавниците Ковачевски и Спасовски со помош на Русковска обвинителството прикриваат докази.
Како што пулените послушници милуваат да го наречат, Претседателот на државата за криминал, Оливер Спасовски прави кривично дело од член 353 од КЗ, злоупотреба на службена положба и член 365 помагање на сторител во кривично дело.
Предавниците Ковачевски и Спасовски ќе одговараат за ова прикривање на докази и за целиот криминал кој што го прават во државата. За секое прекршување и за секое кривично дело ќе има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад