ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани со врвот на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека јавноста има право да знае, како што наведува во соопштение, за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ и да дознае што сака да сокрие претседателот на партијата Зоран Заев.

- Ниту една јавна закана на Заев и функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тврдат дека Заев и неговите најблиски соработници се дружат со, како што соопштуваат, други криминалци и размислуваат како криминалци. - Кога некој од нивните соработници ќе биде уапсен како дилер на кокаин, СДСМ им се заканува на новинарите кои известиле за апсењето на овие криминалци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашуваат дали Заев знаел, како што стои во соопштението, дека неговите соработници со години уништувале животи, дали чувствува морална одговорност, како и дали тие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат заради тоа што СДСМ раководеше со МВР.
- Дали позадински овие дилери на дрога се чувани од структурите на Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале? Дали Заев или некој од врвот на СДСМ имале директен бенефит земајќи пари од бизнис со дрога за поддршката и заштитата која им е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ и оценува дека раководството на СДСМ ја претворило партијата во заштитник на се што е незаконско и криминално.
Ново на Сител
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
-

Лишен од слобода гостиварец, управувал возило без дозвола, под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
-

Муцунски: Во Западен Балкан сè уште постојат безбедносни ризици, регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО
-

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
