ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Царовска дека преку директорите врши притисок врз матурантите
Мила Царовска веднаш да запре со притисокот врз матурантите и професорите, кој го спроведува преку директорите на средните училишта, а СДСМ да ги поддржи предлог измените во Законот за средно образование. Предлог измените во Законот за средно образование, се во корист на матурантите, и во корист на нивната иднина, но и иднината на државата, бидејќи тоа се новите лекари, инженери, прогамери итн.
Царовска и СДСМ мора да имаат слух за барањата на матурантите, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го преточи во законски текст, кој СДСМ треба само да го поддржи. Матурантите не смеат да бидат поле за политичко надмудрување. Време е СДСМ да покаже политичка зрелост и во интерес на најмладите да ги тргне теснопартиските интереси на страна.
Полагањето само на 2 предмети, наместо 4 за овогодинешните матуранти ќе биде сериозна помош за нив, кои во време на КОВИД немаа целосна настава, но сакаат да го продолжат нивното образование. СДСМ нема право да стои на патот на иднината на матурантите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција