ВМРО-ДПМНЕ: Има основани сомневања дека во Град Скопје се доделувале субвенции за инвертери по партиски клуч
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч
Од увидот што го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва.
Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ.
Субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација.
Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот?
Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци?
Дополнително во бараките на град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
