ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
Со средбата што вчера траеше над два и пол часа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата Вреди, почнаа преговори за формирање на новата влада. На средбата на која присуствуваа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, а од страна не Вреди лидерите на коалициските партии Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши, се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање. Се очекува од утре да почнат да разговараат работните групи.
Пред средбата Мицкоски изјави дека се работи за прва средба за запознавање, а по средбата Башким Бакиу, од коалицијата „Вреди“, изјави дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани