ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата која се случи во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ
Хаваријата која се случи изминативе денови во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ со енергетскиот систем во државата.
Единствено што се грижи оваа криминална власт за енергетиката е тоа како може повеќе да се украде од РЕК Битола.
Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.
Состојбата што е актуелна овие денови е резултат на интензивни врнежи со кратки траења кои паднале во оквир на контурите на површинскиот коп Суводол. Во рударската документација се пропишува според начинот на заштита на рудникот од површински води.
За таа намена се предвидени заштитни ободни-одводни канали, етажни канали и водособирници и вклучувајќи го централниот водособирик чија примарна цел е зафаќањето на атмосферските води (100-1000 годишни води).
Доколку кадарот бил свесен на влијанието на интензивните врнежи и што од нив би можело да настане не би се однесувале вака комотно при експлоатацијата на јагленот.
Нестучниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон професијата резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар на крајниот потрошувач на електрична енергија- граѓаните.
Целосна неспособност на оваа криминална власт во енергетскиот систем и справување со крижата во енергетиката придонесе да граѓаните плаќаат повиски сметки за струја, општините да тонат во долгови заради енормните сметки за струја и стопанството едвај да преживува заради големата цена на електрична енергија.
Целосно цунами во енергетиката од страна на оваа криминална власт. Премногу е.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона