ВМРО-ДПМНЕ: Групацијата Мериот е единствено сплотена за спас на Заев, ниту тие нема да го спасат од пораз и одговорност за криминалот
Почитувани,
ВМРО ДПМНЕ е веќе сплотена против рушењето на оваа недемократска власт која носи беда, сиромаштија, предавства и порази, а организаторите на денешниот настан, поточно групацијата Мериот покажа дека е сплотена единствено за спас на Заев и во заштита на неговиот криминал. Оваа мала уцената групација Мериот предничи по тоа што нема ниту една критика кон Заев, ниту пак став за било кое важно прашање за граѓаните. Од најави за две третини се сведоа на дваесетина луѓе кои во траорна атмосфера најавија тоа што им беше напишано.
Чудно е како најавуваат конгрес, а не се делегати.
Но, ова е и добра прилика за прочистување на ВМРО-ДПМНЕ и правењето на разлика.
Единствениот конгрес кој постои е редовниот и тој ќе се одржи во ноември, а тоа што на Заев сега му треба дефокус од актуелните проблеми, неказнетиот криминал, хаосот во здравството и образованието е проблем на Заев. Наместо за конгрес Заев нека се спрема да даде одговори за многу криминални случаи по смената на власта.
Став на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг