ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека народот на 11 декември не гласал за бинационална држава, за двојазичност и менување на знаме и химна и затоа се спротиставува на тиранската платформа.
- Граѓаните јасно кажуваат дека не сакаат туѓи платформи од странски држави. Граѓаните не ја сакаат тиранската платформа, која СДС сака да ја протурка и да формира влада по секоја цена. Криминалците од СДС не можат да го излажат народот се со цел да се спасат од затвор. Народот ги прочита и им порачува секој ден на улиците дека ќе одговараат пред правдата, Не може со некоја неуставна платформа да се спасат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата посочува дека народот бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли, како што се вели, неуставната платформа и да го казни СДС.
Ново на Сител
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар