ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните мора точно да знаат за што разговарал и со кого се сретнал Заев во Израел

Изјавата на Амбасадорот на државата Израел во врска со посетата на Зоран Заев, дека според негови сознанија немало средба со шефот на Мосад, е втор сериозен демант во овие три дена, по првиот во кој беше нагласено дека на куртоазните средби на Заев во Израел воопшто не било разговарано ниту за безбедносни, ниту за финансиски прашања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Според партијата, Заев и нанесе голем срам на Република Македонија и креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан, а СДСМ нема храброст да ја признае неговата неодговорност и незрелост.
- Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбедносни или финансиски. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
