ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ја паметат СДСМ по затворањето 684 фабрики и отпуштените над 200.000 луѓе
Единствената активност во економијата по која што граѓаните ја паметат СДСМ е затворањето на 684 фабрики и избркани над 200.000 луѓе на улица, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
- Да потсетиме дека СДСМ, покрај другите штети кои ги направи, ги зголеми даноците за промет на станови, лекови и ортопедски помагала, медицински потрошен материјал, енергенси, електрична енергија, огревно дрво, со што овие суштински производи за граѓаните драстично поскапеа. СДСМ исто така не превземаа никакви мерки за подобрување на бизнис климата, а единствено повластици за водење бизнис имаа партиската олигархија на СДСМ. Во време на СДСМ не се отвораа странски инвестиции, а и оние малкуте кои беа заинтересирани како Ауди, Владата на СДСМ ги бркаше, се со цел поранешниот општествен имот без пари да си го распределат меѓу себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, денес состојбата е сосема различна бидејќи се реализираат низа активности во континуитет, со кои се создава подобра бизнис клима во државата, што велат, го потврди и Светска банка во својот извештај Дуинг Бизнис дека Македонија има направено огромен напредок, од 96 позиција во 2006 година (во време на СДСМ) до 30 позиција за 2015 година (во време на ВМРО-ДПМНЕ).
- Фактите, бројките, статистиката, податоците, извештаите на меѓународните институции, ја говорат вистината, а таа е дека во време на СДСМ македонската економија и стандардот на граѓаните одат надоле, а во време на ВМРО-ДПМНЕ македонската економија и стандардот на граѓаните одат во нагорна линија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење
-
Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка
-
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-
Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром
-
Притвор за управителот и уште три лица за пожарот во Трубарево