ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДС немаат отчет, затоа што немаат проекти, туку само матни зделки
Градоначалниците од СДС немаат отчет, затоа што немаат проекти, туку само матни зделки.
Ниту еден градоначалник од редовите на СДС не направи отчет за сработеното, затоа што нема ништо сработено.
Граѓаните на Струмица, Центар, Пробиштип, Валандово, Делчево, Берово и уште неколку општини каде градоначалниците се од СДС немаат ниту еден поголем проект со кој што можат да се пофалат.
Единствен проект е планираната изградба на хотел на Беровско езеро, кој ќе го гради семејството на Стефан Богоев, потпретседател на СДС, кој буквално ќе го узурпира езерото.
Ако може да се смета за проект е и распродажбата на земјиште во центарот на Скопје по багателни цени за изградба на станбени згради, како што е случајот со земјиштето спроти зградата на Нова Македонија.
Само матни зделки се прават во општините каде градоначалници се од СДС и затоа и немаат отчет.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива