ВМРО-ДПМНЕ го честита државниот празник Илинден
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник Илинден.
- Македонија денес ги празнува двата Илиндени, се сеќава на илјадниците паднати херои за слобода, го чествува темелот на кој ја градиме нашата заедничка татковина. Илинден е најсветлиот датум во македонската историја бидејќи е синоним за македонската борба за слобода и македонската државност. Двата Илиндени, во 1903 година и 1944 година беа темелници на современата слободна македонска држава. Тој идеал и саможртвата на плеадите синови на Македонија и ден денес е жив и како аманет ќе остане да живее. Секој поединец и секоја генерација ја има историската обврска да ја продолжи таа вечна битка за чување и градење на својата татковина како просперитетна, стабилна, суверена држава, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето