Македонија
2. August 2015 - 13:21

ВМРО-ДПМНЕ го честита државниот празник Илинден

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник Илинден.

- Македонија денес ги празнува двата Илиндени, се сеќава на илјадниците паднати херои за слобода, го чествува темелот на кој ја градиме нашата заедничка татковина. Илинден е најсветлиот датум во македонската историја бидејќи е синоним за македонската борба за слобода и македонската државност. Двата Илиндени, во 1903 година и 1944 година беа темелници на современата слободна македонска држава. Тој идеал и саможртвата на плеадите синови на Македонија и ден денес е жив и како аманет ќе остане да живее.  Секој поединец  и секоја генерација ја има историската обврска да ја продолжи таа вечна битка за чување и градење на својата татковина како просперитетна, стабилна, суверена  држава, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.