ВМРО-ДПМНЕ ги повика Заев и Царовска да дојдат во Собранието на дебатата за бегалците

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска да присуствуваат на јавната расправа за владината стратегија и акционен план за мигрантите, бегалците и странците 2017-2027 година во Собранието на Република Македонија.
- Премиерот Заев и министерката Царовска, во својата изјава во Штип минатата недела, дадоа јавна и силна поддршка на стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години.
Затоа ги покануваме Заев и Царовска да ја објаснат и образложат својата силна поддршка на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци, како и да одговорат на голем број прашања кои што се важни за државата и за голем број општини, стои во соопштението од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие наведуваат дека на минатата јавна расправа заменик-министерот за труд и социјална политика Елми Азири не одговорил на ниту едно поставено прашање вклучувајќи и колку милијарди евра од Буџетот на Република Македонија ќе се наменат за спроведување на стратегијата во следните 10 години, кои се проектите што ќе почнат да се реализираат оваа и следната година, како и кои ќе бидат општините во кои што ќе се реализира трајното сместување на мигрантите, бегалците и странците.
- Со најновата стратегија на Владата, Зоран Заев, Македонија од транзитна земја за мигрантите ја прави земја за трајно сместување и траен престој на голем број лица од голем број држави. Од тие причини уште еднаш ги повикуваме и покануваме премиерот Заев и министерката Царовска денеска да присуствуваат на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично да дадат одговори на повеќе прашања кои ги поставуваат граѓаните и јавност од повеќе општини, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
