ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски со пари на општина Центар расчистува парцели за градба на приватни инвеститори кај Треска

Герасимовски со пари на општина Центар расчистува парцели за градба на приватни инвеститори кај Треска.
СДСМ ветуваа дека просторот кај поранешната фабрика Треска нема да се бетонизира, а сега гледаме како брутално со народни пари го спремаат просторот за изградба на нови згради кои ќе го загушат тој дел од градот.
СДСМ со народни пари работи за приватни бизнис интереси.
Додека СДСМ беше опозиција во општина Центар велеа дека откако ќе дојдат на власт ќе ги сменат урбанистичките планови. 10 години се власт во Центар, не само што не ги сменија, туку во Центар се бетонизира секоја слободна зелена површина.
Се што направија 10 години во Центар е штанцање на дозволи за градба за нивната олигархија, кои на сметка на урбаниот простор прават милиони. СДСМ 10 години реди згради како наполитанки без да остави м2 слободна зелена површина. Истото сега ќе продолжи и на просторот кај поранешната фабрика Треска.
Зградите наполитанки ќе се градат во Центар со потписот на СДСМ и Герасимовски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
