ВМРО-ДПМНЕ формира солидарен фонд за помош на поплавените семејства

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да се формира партиски солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во елементарната непогода.
Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и на локално ниво наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а по завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените сограѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Освен финансиската помош, договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е најнеопходна на погодените.
Продолжуваат и активностите за директно вклучување на партиски членови и активисти во најпогодените региони за расчистување и санирање на штетите од невремето, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
