Македонија
27. July 2020 - 12:48

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче предвреме се израдува на добар тренд на новозаразени од корона

Наместо со работа да направат тренд на намалување на новозаразени под коронавирус, надлежните избрзаа да се израдуваат само затоа што 4 дена по ред бројката на новозаразени била под 10 отсто од тестираните, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата за над 10.000 заразени и близу 500 починати од Ковид-19 одговорни се властите.

„За жал последната бројка на новозаразени за едно деноноќие повторно покажа дека бројот на новозаболени е над 10 отсто од тестираните, а болеста се појавува во помали места каде ја немаше, а во поголемите градови расте“, рече Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа обвини дека надлежните не знаат дали се работи за прв или втор бран, не ги знаат кластерите и изборите, а граѓаните не можат да добијат термин за тестирање, па оние кои можат да си дозволат тоа го прават во приватни лаборатории.

 

Катерина Нешкова

Ново на Сител