ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред да замине на одмор, најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата
Додека Венко Филипче со недели одмараше на плажите во Грција, во Македонија се случува експолозија на четвртиот бран од Ковид пандемијата.
Само за 24 часа во Македонија има нови 792 нови потврдени случаи и 10 наши сограѓани го изгубија својот живот како последица од Ковид 19.
Најнеспособниот министер за здравство Филипче пред само неколку недели, пред да замине на одмор, спектакуларно најавуваше дека само што не сме ја победиле пандемијата.
Кажа и замина на одмор. Целосно ги олабави мерките, без никакви контроли на граничните премини, Македонија за 10 дена повторно стана жариште од корона пандемијата.
На врвот сме на сите листи по процент од заразени и починати.
Целосно дезорентиран, од грчките плажи донесе нови фашистички мерки кои не кореспондираат со моменталната ситуација. Овие нови мерки ги делат граѓаните и немаат никаква логика.
Но на Филипче не му е гајле за здравјето и животот на граѓаните, па за тоа побрза како потписник до Собранието да го поднесе законот за марихуана со европско знаменце.
Ете толку од грижата на Филипче. Најбитно му беше да му се покори на криминалецот Заев.
Неодговорноста и целосната забеганост на двоецот Заев- Филипче ја водат државата кон сигурен пропаст.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар